Силен земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес утрово ја погоди северна Јапонија, но јапонските власти велат дека во подрачјето не се очекува цунами. Се уште нема податоци за повредени и за штети. Земјотресот бил со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот на земјотресот бил на околу 240 км северно од главниот град Токио. Јапонија е една од земјите во светот со најголем број на земјотреси.