Амнести интернешнал:Киргистан да го заштити узбекистанското малцинство

Амнести интернешнал повика Киргистан да ги заштити правата на етничкото узбекистанко малцинство од расното насилство и повика соседите на Киргистан да ги отворат своите граници за бегалците од оваа земја. Организацијата во соопштение вели дека властите во Киргистан треба да го спроведуваат ефикасно законот и да му обезбедат сигурност на своето население, а го повикува и Узбекистан да ја отвори границата со Киргистан за да можат илјадници етнички Узбекистанци да побегнат од насилствата. Најмалку 82 луѓе се убиени, а над 1.000 се повредени во тридневните етнички судири во јужниот дел на Киргистан.