Убиени полицајци во Дагестан

Двајца полицајци беа убиени, а еден повреден во текот на ноќта во јужниот дел на руската република Дагестан. Локалното Министерството за внатрешни работи соопштува дека вооружани лица отвориле оган врз полицајците во градот Дербент. Дагестан се наоѓа во нестабилниот кавкаски регион каде редовно има нападни врз безбедносните сили. Властите во Дагестан , Ингушетија и другите земји од Кавказот се борат да го поразат исламистичкиот бунт кој веќе однесе десетици жртви.