Во Пакистан убиени 10 талибанци

Пакистански воени авиони денеска уништиле неколку засолништа на екстреместите на северозападот на земјата при што загинале 10 талибанци а неколку биле ранети, соопштуваат локалните власти. Цел на денешните напади биле остатоците на засолништата на бунтовниците во проблематичниот регион Оракзаи каде армијата извојува победа над бунтовниците минатата недела.