Обама и Камерун ќе разговараат за еколошката катастрофа

Американскиот претседател Барак Обама, како што е најавено, денеска по телефон ќе разговара со британскиот премиер Дејвид Камерун за еколошката катастрофа во Мексиканскиот Залив. За излевањето на нафата во заливот е одговорна компанијата Бритиш Петролеум, но Камерун вчера изјави дека во интерес на Британија и на САД е Бритиш Петролеум да остане силна и стабилна компанија.