11 ранети во Тунџели - Турција

Единаесет лица се ранети кога автобус со воени службеници налетал на нагазна мина во Тунџели - источна Турција, јавија турските медиуми.
Според интернет страница Хабер 3, мината била активирана далечински од членови на Курдската работничка партија во момент кога да неа минувал автобусот, кој бил со цивилни регистарски таблички.
Денеска турската полиција соопшти, дека биле фатени четворица курдски бунтовници од ПКК со експлозивна направа во близина на егејскиот град Измир. Според полицијата, заробените бунтовници планирале да извршат бомбашки напад во Измир, третиот по големина град во Турција. Курдската работничка партија, која е прогласена за терористичка организација од Турција, САД и ЕУ, од 1984 година води вооружена борба на територијата на источна Турција, најпрво за независна курдска држава, а потоа за автономија на регионот. Во вооружените конфликти загинаа околу 45 илјади лица.