Уапсен виновникот за загинувањето на правнуката на Мандела

Полицијата во Јоханесбург соопшти дека бил уапсен возачот на автомобилот во кој синоќа загина правнуката на екс претседателот на Јужна Африка Нелсон Мандела. Претставник на полицијата, како што јавуваат агенциите, изјавил дека тој возел во пијана состојба. Тринаесетгодишната Зенани Мандела загина враќајќи се од концертот во чест на отворањето на Светското првенство во фудбал.