Во Авганистан загинале деветмина цивили

Во експлозија на бомба во Кандахар, на југот на Авганистан, загинале деветмина цивили, додека осуммина други биле ранети. Експлозијата се случила во моментот кога еден минибус минувал кај местото Мајванд на патот кон главниот град на провинцијата. Меѓународните сили, предводени од Соединетите држави подготвуваат офанзива против талибанците во Кандахар, а според наводите, таа би можело да почне во текот на наредниве месеци.