Стечајците повторно протестираа

Нервозни возачи, закочен сообраќај, стечајни работници легнати на пешачки премин... Слика веќе одамна позната. Пред Собранието и Владата во Скопје повторно протестираа стечајните работници од повеќе градови од Македонија кои бараат од Владата да им обезбеди надоместок од 6 илјади денари месечно до наредно вработување или пензија.
Секој од нив е со посебна мака и веќе со години си ги бара своите права на ваков начин. Некој од нив останал без работа зашто фирмата отишла под стечај, некој, пак, бил прогласен за технолошки вишок. Живко Димитриевски од Куманово бил прогласен за технолошки
160 вработени во МТВ, дојде до потпишување за технолошки вишок, со 35 години искуство ме избрка на улица. Од 2005 година сум на улица. Сопругата ми работеше во Кожара во Куманово и таа е на улица без никакви лични средства за животен стандард.
вишок

„160 вработени во МТВ, дојде до потпишување за технолошки вишок, со 35 години искуство ме избрка на улица. Од 2005 година сум на улица. Сопругата ми работеше во Кожара во Куманово и таа е на улица без никакви лични средства за животен стандард.“

Меѓу демонстрантите има и работници кои се прогласени за технолошки вишок од фирмата Охис. Тие велат дека се дискриминирани.

„Со образложение дека Охис не е државна фирма, однесовме од централен депозитар потврда дека Охис до 51,13 отсто е државен капитал, за нив тоа не е доволно, а сега веќе е 90 отсто државен капитал и тие упорно не одбиваат и не ни даваат пет илјади. Не одби прво Агенцијата за вработување, па труд и социјата, па отидовме на управен суд, од нас направија пинг-понг топка.“

„Вратите на институциите се затворени за народот.“
Со образложение дека Охис не е државна фирма, однесовме од централен депозитар потврда дека Охис до 51,13 отсто е државен капитал, за нив тоа не е доволно, а сега веќе е 90 отсто државен капитал и тие упорно не одбиваат и не ни даваат пет
илјади.

Луѓето што протестираат велат дека ќе продолжат со блокирање на улиците се додека не им се исполнат барањата. Единствено се надеваат дека постои шанса да им се исполнат барањата само во предизборие.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Протест на стечајците


„Да се прогласат избори, па тогаш да го оствариме тоа право. Лично секогаш сум излегувала на избори, отсега веќе немам намера.“

„Никогаш нема да одам.“

Блокираните улици им пречеа на минувачите па им предложија на стецајците поинаков начин на штрајк.

„Јас ги разбирам, но ги советувам, не е решение, мислам дека ова е губење време, блокирајте ги да не можат да одржат седница и во Влада и во Собрание.“

Штрајкувачите и овој пат побараа некој од Владата да ги прими за да разговараат за своите барања, но како што велат со никого не се сретнале. Минатата година стечајците штрајкуваа со глад, а од февруари оваа година интензивно доаѓаат еднаш неделно на протести во Скопје, но нивните барања се уште не се прифатени.