Маневски се сретна со претседателот на Европскиот суд за човекови права

Од 1998 година па до сега во Европскиот суд за човекови права, македонските граѓани доставиле 2.755 апликации, а во моментов во судот се наоѓаат 1.070 кои чекаат на одлучување, изјавил министерот за правда Михајло Маневски по средбата со претседателот на Европскиот суд за човекови права, Жан Пол Коста, денеска во Скопје. Од вкупно 73 пресуди донесени од Судот, околу 70 проценти од нив се однесуваат на повреда на правото на судење во разумен рок По средбата, Жан Пол Коста посочил дека може да се забележи доста значаен прогрес во судскиот систем. Ова е прва посета на претседател на Судот за човекови права во Македонија. Жан Пол Коста од Скопје патува за Охрид каде ќе присуствува на регионалната конференција на уставни судови.