Ердоган:Турција не се одалечува од Западот

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги отфрлил обвинувањата дека Турција се оддалечува од Западот. Западните сили изразија загриженост дека Турција по инцидентот со нападот на хуманитарниот конвој за Газа, не гласаше за санкции кон Иран. Но Ердоган во свoето обраќање на Турско –Арабскиот форум во Истанбул изјавил дека таквите обвинувања се недобронамерни. Американcкиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вчера изјави дека со тоа што ЕУ не ја прима Турција за члeнка, ја турка кон Исток. И италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини денеска изјавил дека се согласува со Гејтс, и побарал од ЕУ да ги забрза разговорите за пристапување на Турција.