Расмусен:Стабилен Авганистан значи побезбеден свет

Стабилен Авганистан значи побезбеден свет утре, па затоа целта на НАТО е земјата да застане на цврсти нозе и сама да се бори против тероризмот, изјавил генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен на почетокот на состанокот на НАТО , во Брисел. Расмусен изјавил дека со сите ИСАФ соработници ќе разгледуваат како да ја засилат обуката за да постават цврста основа за транзиција на Авганистан. Генералниот секретар на НАТО порачал земјите членки паметно да ги трошат парите за одбрана.