Европратеникот Келем е за Македонија да добие датум за преговори со ЕУ

Евопратеникот Тунне Келем во интервју за МИА, изјавил оти се надева дека Македонија ќе добие датум за отпочнување на преговори и дека Владата ги убедила мнозинството од европратениците дека постигнале добри резултати. Келем изјавил дека и за Македонија и за Европската Унија е во интерес да се отпочнат преговорите, а ако и сега се одложи заради името на Македонија тоа ќе биде морално екстремно штетно.