Ван Румпуј:Регионалната соработка клучна за влезот во ЕУ

Земјите од Западен Балкан треба да соработуваат, бидејќи соработката е важна за европската интеграција, оценил претседателот на Европскиот совет Херман Ван Румпуј по синоќешната средба со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Притоа рекол дека во последно време се направени позитивни чекори во тој правец, како што се референдумот во Словенија за арбитражниот договоро со Хрватска и конференцијата на министрите за надворешни работи во Сараево. Стабилноста и европската интеграција на Западен Балкан се уште се од клучно значење за ЕУ, рекол Ван Ромпуј