Дејвид Камерун во посета на Авганистан

Британскиот премиер Дејвид Камерун денеска е во посета на Авганистан на разговори со претседателот Хамид Карзаи. На заедничката прес конференција, Камерун изјави дека Авганистан е еден од приоритетите на британската надворешна политика, но ја отфрли можноста Британија да испрати дополнителни сили. Со 9.500 војници во Авганистан, Велика Британија, по Соединетите Држави, е најброен учесник во мисијата во таа земја.