Средба Иванов- Тадиќ

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов попладнево во Скопје разговараше со неговиот српски колега Борис Тадиќ, кој допатува во неформална, работна посета на земјата. Средбата на двајцата претседатели е продолжение на континуираниот политички дијалог на највисоко ниво и на личните релации меѓу двајцата претседатели. На работната средба беа разгледувани бројни прашања како од билатералните односи така и од прашањата од регионален интерес, се вели во соопштението од Кабинетот на Иванов. Двајцата претседатели се согласиле за поинтензивна соработка во пресрет на јунскиот самит на Советот на ЕУ и ја повториле неопходноста од забрзана интеграција на регионот. На средбата биле разменети мислења и за регионалните прашања кои, како што се вели, ја оптоваруваат трајната стабилност на регионот. Српскиот претседател Тадиќ се сретна и со претседателот на Владата Никола Груевски.