Тадиќ ќе се сретне и со Груевски

Српскиот претседател Борис Тадиќ попладнево ќе оствари кратка неформална средба и со премиерот Никола Груевски, соопштија од Владата. Тадиќ попладнево ненадејно пристигна во Скопје на средба со претседателот Ѓорге Иванов. Од Кабинетот на претседателот, соопштуваат дека средбата со Иванов е од неформален карактер.