Грција со демарш до Турција

Грчката амбасада во Анкара испратила протест до турското министерство за надворешни работи, поради најновиот инцидент што
се случил во Егејско море. Турски воени авиони ја надлетувале грчката фрегата во меѓународните води во близина на островите Хиос и Самос. Турските официјални лица изјавиле дека ќе го испитаат случајот.