Украина ќе бара заем од ММФ

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска го уверувал Меѓународниот монетарен фонд дека Киев е на пат да ги исполни своите буџетски цели ,за да може да бара нови 19 милијарди дилари заем. Украина сака да земе заем од ММФ за да ја опорави својата економија која забележа пад од 15 проценти минатата година.ММФ сака Украина да ја спречи инфлацијата и да ги намали буџетските трошоци. Украинските власти се надеваат на заем од ММФ, но велат дека имаат и други можности , како на пример заем од Русија.