Македонија одговори на грчките аргументи во Хаг

Македонија до Меѓународниот суд на првадата во Хаг го поднесе одговор на грчкиот противмеморандум за тужбата што ја поднесе Македонија против Грција за прекршување на билатералната Привремена спогодба од 1995 година со блокирањето на поканата за членство во НАТО на Самитот во Букурешт. Следниот чекор го има Грција која исто така треба да поднесе писмен податок до судот во врска со случајот. Според правилата на Судот, содржината на писмените поднесоци останува доверлива сè до соодветната одлука на Судот. Македонија во 2008 –та го покрена случајот против Грција.