САД се готови со идеи да помогнат за спорот со името

Соединетите Држави посакуваат се најдобро во процесот за решавање на спорот за името, со задоволство би размениле идеи и ги охрабруваат двете страни да гледаат кон вистинската придобивка, изјави американскиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг.
Разбираме дека на премиерот Груевски му претстои донесување тешки одлуки. Тешко е да се обидете да најдете начин за заедничка основа, но мислам дека е важно македонското раководство да се фокусира на наградата, а тоа е солидна иднина во рамки на НАТО и ЕУ, што е примамливо, вели Стајнберг во интервјуто за Евроазиската дивизија на Гласот на Америка.
Високиот претставник на Стејт департментот истакнува дека „САД ќе направат се што е во нивна можност да го поддржат таквиот вид храбри одлуки што премиерот и претседателот Ѓорге Иванов ќе треба да ги донесат за да се појде напред“.
Стајнберг смета и дека „грчкиот премиер Јоргос Папандреу испратил позитивен сигнал со својата визија за целосна европска интеграција на Балканот до 2014-та, со што покажал дека навистина ја поддржува иднината на Македонија во ЕУ и НАТО“