Турска операција против Ал Каеда

Турската полиција уапси 17 лица припадници на Ал Каеда. Како што јави Анадолија, станува збор за операција во неколку области во Турција. Турските власти сметаат дека келија на Ал Каеда е одговорна за нападите врз две синагоги, британскиот конзулат и банка во Истамбул во ноемвери 2003 кога загинаа 63 лица.