Продолжен мандатот на ЕУЛЕКС до 2012 година

Советот на Европската унија го продолжи мандатот на мисијата ЕУЛЕКС во Косово до 14 јуни 2012 година. По тој повод специјалниот претставник на ЕУ за Косово, Питер Фејт и шефот на мисијата Ив де Кермабон одржаа прес-конференција за најновите политички случувања и за активностите на мисијата на ЕУ во Косово. Инаку, главната цел на ЕУЛЕКС е помош и поддршка на косовските власти во почитувањето на правото, посебно во полицијата, во судството и во царината.