Предвремени избори во Холандија

Денеска во Холандија се одржуваат вонредни парламентарни избори. Тие беа закажани откако владата поднесе оставка поради несогласувањата околу натамошното учество на холандските војници во мисијата ИСАФ во Авганистан. Главната битка за гласовите, според аналитичарите, ќе се води меѓу лидерот на Народната партија за демократија и слобода Марк Рут и лидерот на лабуристите Џоб Коен.