Ху Џинтао во Узбекистан и Казахстан

Кинескиот претседател Ху Џинтао денеска ќе отпатува во посета на Узбекистан и Казахстан. Двете централноазиски држави се клучни во кинеската енергетска политика, затоа што низ нив минува гасоводот што ја снабдува Кина со гас од Туркменистан. На отворањето на гасоводот во минатата година, Џинтао изјави дека тој ќе биде од корист за целиот регион.