Британија ќе ја зголеми контролата на нафтените платформи

Британската влада најавила дека ќе го дуплира бројот на годишните инспекции на нафтените платформи во Северното море. Ваквата одлука следи по катастрофата со истекување на нафта во Мексиканскиот залив, изјавил британскиот министер за енергија Крис Хухне. Како дел од оваа одлука е и формирањето на комитет кој ќе испитува колку Британија е способна да спречи излевање на нафта и како ќе реагира во случај на истекување.