Агенцијата за бегалци на ОН протерана од Либија

Претставници на Агенцијата за бегалци на ОН биле денeска протерани од Либија без никакво објаснување. Портпаролката на Комесарот за бегалци при ОН, изјавила дека тие од либиските власти минатата недела добиле протесна нота во која добиле наредба да престанат со работа и да си одат од земјата, но притоа не било кажано која е причината за таквата одлука. Агенцијата е важна за луѓето кои бегаат кон Либија, бидејќи во земјата нема постапка за регистрација на баратели на азил и бегалци. Агенцијата досега регистрирала повеќ еод 9.000 бегалци кои во Либија дошле од палестинските територии, Ирак, Судан, Сомалија и други африкански земји.