Средба Путин-Ердоган во Истанбул

Русија ја осудува акцијата на Израел врз хуманитарниот конвој кој носеше помош за Газа и ќе го заштити тој став во Советот за безбедност на ОН, изјавил рускиот премиер Владимир Путин на прес конференција со неговиот турски колега во Истанбул. За Путин особено е жално тоа што нападот бил извршен на неутрални води и затоа за случајот е потребно специјално внимание. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјавил дека Турција ќе продолжи на секое меѓународно ниво да ги заштитува правата на своите граѓани.