Пациентите, но и здравствените работници од внатрешноста на државата се жалат дека здравството во помалите општини не се развива. Општите болници во помалите општини работат во тешки услови, без потребните средства за дијагностика, а неодамна е укината и итната медицинска помош, поради што пациентите мора да патуваат во поголемите градови.
Осигурениците од помалите општини се едногласни дека граѓаните од поголемите градови се во поповолна ситуација во поглед на добивање здравена услуга, а додека во најмлите општини има и ризици. Луѓето се незадоволни од укинуавњето на ноќните смени поради што пациентите мора да патуваат за лекарска интервенција:
„Јас сум од Богданци. Нема ноќно дежурство и ако на некој му стане лошо треба да оди од Дојран до Гевгелија, каде што има амбуланта. Во малите општини секаде се укинати тие ноќни дежурства, ноќни смени. Нема никаков ред.“
Со вакви реакции на пациенти, лекарите се соочуваат многу често. Куманово е општина кон која гравитираат неколку помали оппштини како Кратово, Крива Паланка, Липково, Старо Нагоричане... Во овие градови, исто така, нема ноќна служба и тоа се одразува на работата на итната медицинска помош. Најголеми оптоварувања има Ургентниот ценатар и детското оделение, вели д-р Снежана Захариева од општата болница во Куманово. Покрај проблемот со итнтата медицинска помош и болниците во некои од помалите градови не функционират, па доаѓаат случаи за царски рез и за други оперативни интервенции. Зголемен прилив на пациенти има особено во летните месеци, а и Куманово има потреба од дијагностички сретства, вели доктор Захариева:
„Еве ние сме град каде што немаме во кумановскта општа болница, ниту компјутерска томографија, ниту магнетна резонанца што е нон сенс. Сметам дека треба да се обрне внимание на развојот на здравството во овој регион, особено Куманово како општина со над 100 илјади жители.“
Д-р Елена Ристевска е од секторот за примарна здравствена заштита при Министерството за здравство. Во општините каде што нема итна медицинска помош дежурствата треба да ги покриваат матичните лекари кои работат во здрвствените домови. Но, сепак и во министерството потврдуваат дека се трудат да ги засилат медицинските екипи во помалите општини каде поради нерентабилност беше укината итната помош:
„Мораме да најдеме модел да се надополни оној кадар каде што е најкритична точка. Точно на оние места каде што беше укината итната медицинска помош, како што е Демир Хисар, Делчево, Валандово, Виница, Македонска Каменица итн.“
Во меѓувреме и поголемите општини пациенти испраќаат во Скопје со што хронично се оптоварува и Клиничкиот центар.
Јас сум од Богданци. Нема ноќно дежурство и ако на некој му стане лошо треба да оди од Дојран до Гевгелија, каде што има амбуланта.
„Јас сум од Богданци. Нема ноќно дежурство и ако на некој му стане лошо треба да оди од Дојран до Гевгелија, каде што има амбуланта. Во малите општини секаде се укинати тие ноќни дежурства, ноќни смени. Нема никаков ред.“
Со вакви реакции на пациенти, лекарите се соочуваат многу често. Куманово е општина кон која гравитираат неколку помали оппштини како Кратово, Крива Паланка, Липково, Старо Нагоричане... Во овие градови, исто така, нема ноќна служба и тоа се одразува на работата на итната медицинска помош. Најголеми оптоварувања има Ургентниот ценатар и детското оделение, вели д-р Снежана Захариева од општата болница во Куманово. Покрај проблемот со итнтата медицинска помош и болниците во некои од помалите градови не функционират, па доаѓаат случаи за царски рез и за други оперативни интервенции. Зголемен прилив на пациенти има особено во летните месеци, а и Куманово има потреба од дијагностички сретства, вели доктор Захариева:
Еве ние сме град каде што немаме во кумановскта општа болница, ниту компјутерска томографија, ниту магнетна резонанца што е нон сенс. Сметам дека треба да се обрне внимание на развојот на здравството во овој регион.