Обраќање на претседателот Иванов на состанокот во Истанбул

Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов во обраќањето на Конференцијата за интеракција и градење мерки на доверба во Азија што денеска се одржува во Истанбул, меѓу другото, изјави дека Македонија останува доследна на патот за евроатлантските интеграции, водејќи одговорна надворешна и безбедносна политика. ,,За Македонија евроатлантското сојузништво не е декларативно, туку е реална потреба, како за нас, така и за нашите партнери,, рече Иванов, кој, како што јавува МИА, го демонстрирал генералниот правец за македонската надворешна политика „отвореност кон сите“.