ЕУ ги забрзува економските реформи

Министрите за финансии на Европската унија денеска во Луксембург ќе расправаат за построга контрола на нивните економии со цел да се спречи повторување на сегашната должничка криза. Пред средбата, еврокомесарот за економија Оли Рен изјави дека очекува министрите да ги забрзаат напорите за подобро управување со економиите на нивните земји. Конечните одлуки во врска со ова прашање треба да бидат соопштени на самитот на Европската унија на 17 овој месец.