Неделава ќе се разгледува резолуцијата за нови санкции против Иран

Резолуција на Обединетите нации за нови санкции против Иран се најде пред членовите на Безбедносниот совет. За резолуцијата ќе се гласа во текот на неделава, потврди актуелниот претседавач со Советот Клауд Хелер. Од друга страна, претставниците на Бразил и Турција бараат на гласањето да му претходи отворена политичка дебата за иранската нуклеарна програма. Двете земји неодамна склучија договор со властите во Техеран за размена на нуклеарно гориво. Од друга страна, првиот човек на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукиа Амано изјави дека иранските власти не соработувале доволно со Агенцијата и со тоа не било потврдено дека нуклеарните материјали во исламската република се за мировни цели.