На состанокот на МААЕ нови санкции за Иран

Иран одбива да соработува со Меѓународната Агенција за атомска енергија , изјавил шефот на Агенцијата Јукија Амано на отварањето на едно-неделниот состанок на Агенцијата кој започна денеска во Виена. На состанокот се очекува да помине уште еден круг на санкции против Иран поради нејзиното одбивање да запре со своите нуклерани активности.