Руски специјалци по грешка обвинети за кражба

Портпаролот на полската влада Павел Грас признал дека неосновано ги обвинил специјалците од руската терористичка единициа, дека украле кредитни картички од жртвите по падот на авионот на претседателот Лех Качински. Полската државна Агенција за внатрешна безбедност соопштила дека жртвите ги ограбиле руски полицијаци кои го обезбедувале местото на несреќата а не припадниците на терористичката единица. Агенцијата соопштиле дека веќе има уапсени 4 војници. Руските медиуми пак тврдат дека не се уапсени ни војници, а нема ни официјален став од руското и од полското обвинителство кои го водат случајот.