Обама:односите Ерменија- Азербејџан ќе бидат приоритет за САД

Американскиот претседател Барак Обама преку писмо му ветил на Азербејџан дека спорот на оваа земја со Ерменија ќе го третира како приоритетна тема. .Азербејџан е дел од подршката на Соединетите држави во Авганистан. Азербејџан и Ерменија водат спор за областа Нагорно -Карабах , територија на Азербејџан на која живеат етнички Ерменци. Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вчера му го пренесе писмото од Обама на претседателот на Азербејџан Илхам Алиев.