Роберт Гејтс во посета на Велика Британија

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска ќе допатува во Лондон на средба со британскиот премиер Дејвид Камерун, а утре и со министерот за одбрана Лиам Фокс. Една од главните теми ќе биде воената кампања во Авганистан, која наидува на се поголеми критики во Велика Британија. Во Авганистан има околу 9 илјади британски војници, поголемиот дел од нив во проблематичната провинција Хелманд.