Арбитражниот договор помина добро на референдум во Словенија

Арбитражниот договор за решавање на граничниот спор на словенија со Хрватска доби тесна поддршка од словенечките гласачи на вчерашниот реферндум.Според последните податоци на државната изборна комисија за подршка на парламентот гласале речиси 52 проценти од излезените граѓани на реферндумот.Конечните резулатите ќе бидат соопштени во вторник.
Премиерот Борух Пахор ги оцени резулататите од реферндумот како „добри“ и изрази надеж дека со договорот конечно ќе се реши отвореното прашање со Храватска. Хрватскиот претседател Иво Јоспиповиќ референдумот воСловенија го оцени како победа за Словенија, Хрватска и Европа се вели во извешатојот од претседателскиот кабинет.