Турција ќе дејствува се додека Израел не ја одблокира Газа

Турција ќе продолжи да дејствува се додека Израел не ја подигне блокадата во Појасот Газа, изјавил денеска турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. За Турција, Газа е многу важна и тие ќе се противат на сите оние кои ги присилуваат жителите на Газа да живеат во затвор на отворено. Ердоган ги повикал Израелците и Палестинците сериозно да ги почнат мировните преговори.