Во Авганистан загинале 5 војници на НАТО

Најмалку 5 војници на НАТО загинале денеска во одвоени инциденти во Авганистан, соопштуваат од НАТО. Од Алијанската соопштуваат дека тројца војници загинале во автомобилска несреќа, еден војник загинал во експлозија на бомба, а другиoт загинал во напад во источен Авганистан. Сеуште не се знае националноста на загинатите војници.