Двајца министри од авганистанската влада си поднеле оставка

Од кабинетот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска соопштиле дека министерот за внатрешни работи и директорот на Националната служба за безбедност поднеле оставки. Нивните оставки се поврзуваат со нападот на мировната конверенција што се одржа минатата недела. Од канцеларијата на претседателот соопштиле дека објаснувањето што двајцата службеници го дале во врска со нападот, не било задоволително.