Бритиш Петролеум:се зголемува количеството на собрана нафта

Шефот на британскиот гигант Бритиш Петролеум, Тони Хејворд изјавил дека со новиот систем за собирање на нафта, во изминатите 24 часа собрале 10.000 барели нафта која истекува во Мексиканскиот залив. И американките власти претходно рекоа дека потфатот да се стават нови вентили со кој ќе се намали истекувањето, може да биде успешен. Со вентилите се собира само дел од 19.000 барели нафта кои истекуваат дневно во Мексиканскиот залив.