Бомбашки напади во Багдад, 6 мртви

Во серија бомбашки напади во Багдад и неговата околина денеска загинале шест луѓе. При едниот напад , бомбаш самоубиец со автомобил полн со експлозив удрил во полициска станица во западен Багдад. Во нападот загинале 4 полицајци и еден цивил, а 15 луѓе се повредени. Пред тоа во експлозија на бомба која била поставена во автомобил, загинал еден човек, а тројца се повредени.. Во друга пак експлозија на бомба која била поставен под автомобилот на претседателот на градското собрание во градот Махмудија,на 30 километри од Багдад, биле повредени тројца.