Патниците од ирскиот брод ќе го напуштат Израел

Сите 11 патници од ирскиот брод Рејчел Кори денеска ќе бидат протерани од Израел, соопштил портпаролот на изрaелската служба за имигрција. Патниците од кои 5 Ирци и 6 државјани на Малезија, најпрвин од Изрaел ќе бидат депортирани во Јордан, а потоа можат да си се вратат дома. Ирскиот брод носеше хуманитарна помош за појасот Газа, но наместо тоа по интервенција на израелските сили заврши на пристаништето Ашдод.