Бангладеш ја укина забраната на Фејсбук

Властите во Бангладеш ја повлекоа забраната на популарниот веб сајт за социјално дружење Фејсбук, само една недела откако ја донесоа забраната. Власите привремено го забранија Фејсбук бидејќи на него можеле да се видат карикатурите на пророкот Мухамед. Властите кои се мнозинство муслимани се изјасниле дека имаат договори со функционерите на Фејсбук за отстранување на контроверзните слики и содржини, кои се сметаат за пакосни и богохулни за муслиманите. Поддржувачите на “контроверзниот сајт” велат дека сакаат да се промовира слободата на говорот и се противат на исламските екстремисти. Овој потег на Бангладеш дојде откако минатиот месец ваквата забрана ја укинаа и пакистанските власти .