САД со нови опции за санкции кон Северна Кореја

Соединетите американски држави ја разгледуваат можноста, надвор од ОН да ја казнат Северна Кореја , за која сметаат дека потопила еден јужнокорејски брод. Американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс на конференцијата за безбедност во Сингапур изјавил дека справувањето со провокациите на Северна Кореја треба да биде колективна одговорност на сите азиски држави .Гејтс во интервју за Би-Би-СИ изјавил дека Вашингтон и Јужна Кореја ќе спроведат повеќе заеднички вежби и акции кои ги подржува Советот за безбедност. Северна Кореја негира дека е вмешана во инцидентот со тонење на бродот и го обвинува претседателот на Северна Кореја дека го користи случајот за да победи на локалните избори кои ќе се одржат оваа недела.