Пакистан ќе одвојува повеќе пари за одбрана

Пакистанките власти најавиле дека за наредната фискалана година ќе одвојат повеќе пари за одбрана од буџетот. Во наредната фискална година која започнува од 1 јули, тие за одбраната ќе одвојат 17 проценти повеќе пари во споредба со минатата година. Министерот за финансии Абдул Хефез Шеик изјавил дека безбедносната ситуација во Пакистан се уште не е ставена под контрола и затоа безбедносните сили треба да знаат дека имаат поддршка од пратениците. Во последните три години во Пакистан , повеќе од 3400 луѓе загинале во самоубиствени бомбашки напади или пак во други напади од страна на Талибанците кои се борат против власта.