Беатификација на свештеник во Полска

Во Полска денеска ќе се одржи церемонија за беатификација на католичкиот свештеник Јерзи Попиелизко кој пред 25 години бил мачен и убиен од страна на комунистичката тајна полиција . Се очекува настанот да го следат илјадници луѓе. Церемонијата во Варшава ќе ја води надбискупот Ангело Амато. Беатификација е првиот чекор кон прогласување на светец. Попиелизко бил подржувач на антикомунистите и на своите миси привлекол илјадници луѓе кои биле против острите мерки на комунистичкиот режим во раните осумдесети години на минатиот век. Тој имал 37 години кога бил убиен од тајната полиција.