Медведев:има договор за санкциите против Иран

Рускиот претседател Дмитри Медведев изјавил дека има договор во врска со санкциите против Иран. Но рускиот претседател изјавил и дека никој не сака санкции, и оти се надева дека Иран го слуша гласот на меѓународната заедница. Медведев вчера допатува во Германија, на разговори со канцеларката Ангела Меркел. Тие ќе разговараат за новопредложените санкции на ОН против Иран.