Израелската војска се качи на бродот кој носеше помош за Газа

Изрелската војска соопштила дека војниците се качиле на бродот кој носи помош за Газа, но дека се поминало без насилство. Акцијата уследила откако Израел предупреди дека воените сили ќе се качат на бродот ако тој не се пренасочи кон пристаништето во јужниот дел на Израел. Организаторите на бродот кој носеше помош за Газа претходно рекоа дека нема да се спротистават на изрелските сили.