Израелските сили ќе влезат на Рејчел Кори кој и натаму плови кон Газа

Израел соопшти дека неговите трупи ке се качат на ирскиот брод Рејчел Кори, бидејки тој ги игнорира апелите да влезе во пристаништето Ашдот и да не продолжува кон Газа. Израелски бродови денеска го опколија овој брод во источниот Медитеран. Станува збор за нов обид да се скрши израелската блокада врз појасот Газа од страна на про-палестинските активисти на бродот Речел Кори чии сопственици се ирци. Оваа ситуација ја подигна загриженоста за можна нова конфронтација. Израел во понеделникот нападна флотила со помош за палестинците во Газа при што загинаа осум турски активисти и американски граѓанин. Според Израел, блокадата врз Газа има за цел да се спречи дотур на оружје и воена опрема за милитантите на Хамас кои се на власт во Газа и чија намера е уништување на еврејската држава.